Спорт

Red Bull Air Race по дванаесетти пат почнува од Абу Даби

Светското првенство во летање на Red Bull традиционално по дванаесетти пат започнува во Абу Даби. Викендот што следи ќе ги пречека четиринаесетте најдобри пилоти, кои во воздушни двобои на осум локации низ светот ќе се борат за престижната титула освојувач на Red Bull Air Race првенството во 2019 година.

Во календарот за овогодинешното натпреварување, покрај Абу Даби се најдоа Казан во Русија, Будимпешта во Унгарија, Чиба во Јапонија, Индијанаполис во Индијана – САД, а завршното натпреварување е закажано за почетокот на ноември во Саудиска Арабија.

Бранител на титулата е чешкиот пилот Мартин Шонка, кој во возбудлива сезона во 2018 година за прв пат стана првак. Покрај него, како фаворити во наредните натпреварувања се Мет Хoл од Австралија и Мајкл Гулиан од САД, кои минатата година завршија веднаш позади Шонка.

Во петок 8 февруари, се закажани летовите за квалификации, а главната трка е закажана за сабота, 9 февруари.

Red Bull Air Race е првенство востановено во 2003 година со акредитација на Меѓународната воздухопловна федерација (FAI). До сега се одржанi повеќе од деведесет натпреварувања на пет континенти.

Покрај главната Мастер класа, во 2014 година е воведен и Челинџер куп, во кој пилотите ги доработуваат квалитетите за преод во Мастер класата.

Додека летаат ниско над вода или над земја по патеката обележена со воздушни балони, пилотите достигнуваат брзини до 370 km/h, а нивните телат се изложени на оптоварување до 12 G. Заради големите брзини, ниските височини на летање и неопходните способности за маневрирање, ова натпреварување е резервирано само за најдобрите пилоти и најфлексибилните авиони.

Овогодинешниот календар на натпреварувањето во Red Bull Air Race изгледа вака:

  • 8-9 февруари, Абу Даби
  • 15-16 јуни, Казан, Русија
  • 13-14 јули, Будимпешта
  • 7-8 септември, Чиба, Јапонија
  • 19-20 октомври, Индијанаполис, САД
  • 8-9 ноември, Саудиска Арабија

Слични написи

Се подготвува ли мегатрансфер од Камп Ноу

Biba

Буфон на прагот на потпишување на договор со PSG

Biba

Тоти му даде големо ветување на Дибала доколку потпише за Рома

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.