Автомобилизам

Purosangue, изненaдувањето од Ferrari

Иако Ферари е познат по своите спринтери, реши да изненади и да направи потег за кој никој не ни сонувал: лансирање на теренецот со име Purosangue.

Поради притисокот на европските регулатори за емисија на штетни гасови и причината што убавиците на Ферари се трошачи на бензин, најавија дека до 2022 година ќе го зголемат учеството на хибридна технологија во своите возила, вклучително и во теренецот Purosangue.

“До 2022 година скоро 60 проценти од возилата што ги произведуваме ќе бидат изработени на принципот на хибридна технологија” изјави извршниот директор на Ферари, Луис Камилери.

Ферари веќе неколку години произведува ограничен број на хибридниот модел LaFerrari, на кој му се припишуваат врвни карактеристики во флотата.

До 2022 година е најавено лансирање на 15 нови модели, со значително поголеми цени, изјави директорот на маркетинг – Енцо Галиера.

Слични написи

Актуелната тојота супра во акција на патека

Biba

Како гумите на автомобилот да ви траат подолго

Biba

Од 2030 година, Форд на клиентите во Европа ќе им нуди само електрични автомобили

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.