Автомобилизам

Opel Astra GSe изгледа уште попривлечно благодарение на Irmscher

Шестата генерација на Opel Astra неодамна доби помоќна верзија на хечбекот во форма на електрифициран модел GSe, а тоа не остана незабележано од реномираниот германски тјунер Irmscher.

Irmscher веќе претстави тјунинг пакет за стандардната Opel Astra, па не е изненадување што моделот GSe доби сличен третман. Најзабележителен е новиот преден сплитер, кој во комбинација со праговите и продолжетокот на задниот браник прави Astra да изгледа како „вистински“ моќен хечбек. Одзади има и дифузор, како и поголем заден спојлер. Аеродинамичните компоненти се во боја на каросеријата и содржат црни детали.

Тјунерот нуди лесни бандажи и гуми со високи перформанси, меѓу кои се 19-инчниот сет Cosmo Star со дијамантски полиран или црн финиш, како и 19-инчниот High Star и 19-инчниот Turbo Star. Црните налепници се убав детал.

 

Во официјалниот рендер, автомобилот е спуштен за 25 mm. Opel Astra GSe е фабрички намален за 10 mm во споредба со помалку опремените модели благодарение на амортизерите Koni FSD и уникатните пружини. Opel комбинира спортска шасија со различна калибрација на воланот и ESP, па експертите на Irmscher не се занимаваа со тоа.

Исто така, немаше промена на plug-in хибридниот погон. Opel Astra GSe има 1,6-литарски турбо бензински мотор поврзан со електричен мотор, а оваа комбинација испорачува вкупно 222 КС и 360 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на предната оска преку осумстепен автоматски менувач.

 

Што се однесува до внатрешноста, тјунерот нуди кожен тапацир за седиштата и панелите на вратите, а достапни се и различни бои. Можно е да се направи комбинација со патосници од велур и да се добијат плочки на праговите од нерѓосувачки челик. Сите овие модификации се достапни за хечбекот и попрактичниот ST, како и за сите варијанти на Opel Astra. Тоа значи дека бензинските, дизелските, plug-in хибридните и целосно електричните модели можат да ги добијат.

Слични написи

Ауди го претстави својот градски електричен автомобил, AI:ME

Biba

Дизелските мотори полека изумираат

admin

Најскапиот теренец на светот има цена од 1,9 милиони долари

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.