Вселенската сонда New Horizons успеа да исполни уште една цел од проектот на НАСА: стигна до замрзнатото вселенско тело Ultima Thule, објект кој се наоѓа на 6,5 милијарди километри оддалеченост од Земјата, што претставува најоддалечена точка до која стигнало летало во нашиот Сончев Систем.
Првите податоци што ги добила НАСА е дека леталото е во одлична состојба, а првите фотографии се очекуваат во текот на денот.
New Horizons има насобрано гигабајти фотографии и податоци кои ќе ги испраќа на Земјата во следните месеци.
Радио пораката од роботското летало била примена од една од големите антени на НАСА која се наоѓа во Мадрид, Шпанија. Биле потребни шест часа и осум минути за New Horizons да го прелета огромното вселенско пространство помеѓу Ултима и Земјата.
Контролорите во Лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џон Хопкинс во Мериленд, го поздравија приемот на сигналот со аплауз и голема радост.
“Имаме здраво летало”, објави менаџерот на операциите на мисијата, Алис Бауман. “Штотуку го постигнавме најдалечниот прелет. ”