Автомобилизам Избор на уредникот

Mercedes-Benz X класата претворена во возило за кампување

Matzker е германска компанија специјализирана за преработки и доработки на возилата на Land Rover за авантури.

Тие овој пат решија да се позанимаваат со возило што не е Land Rover. Го земаа Mercedes-Benz X класа.

Наместо делот за товар кој го има стандардниот Mercedes-Benz X, од Matzker изработија дел за спиење, престој и кујна. Во овој дел се влегува низ врата која се отвора вертикално. Внатрешноста е изработена од многу брусен метал.

Кујната вклучува два плински горилника, садопер и мал фрижидер. Просторот за седење и престој лесно се адаптира во простор за спиење, а доколку се отвори капакот, тогаш станува простор за спиење под отворено небо. На кровот има опција за дополнителен кревет.

Од Matzker го сменија и бесењето и го направија возилото повисоко.

За оние што сакаат да се одвојат подлабоко во дивината има опција од соларни панели, носач за резервно тркало, систем за топла вода, голем резервоар за дизел гориво, како и опрема за помош во случај на заглавување.

Цената на потполно опременото возило е над 180.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

Karma го објави новиот тизер за својот ултраелегантен автомобил

Biba

Што значи да се биде пансексуалец и во што се разликува од бисексуалец

Biba

Бентли го претстави Continental GT Speed – британскиот разурнувач

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.