Експедиција составена од 10 истражувачи и возачи во две возила Mercedes-Benz Unimog, успеаја да се качат на вулкан во Чиле.
За оние кои сакаат истражување и релаксирање во самотија во природа, офроудот е често решение. На тој начин се доаѓа до убави предели, чисто воздух и недопрена природа. Сепак, возилата кои се на пазарот имаат и свои ограничувања.
Но, тимот кој имаше за задача да го истражува вулканот Ojos de Salado во Чиле, ја имаше среќата за искачувањето да користи две возила Mercedes-Benz Unimog.
Тоа се возила кои генерално ги користи војската, но и по некој љубител на офроуд авантури и научници.
Ojos de Salado е најголемиот активен вулкан во светот, а задачата на тимовите што се искачија е да ги сменат старите и да постават нови радиоединици во камповите на висина од 6100 метри. Рекордот е надминат од едно од возилата кое се искачи на висина од 6694 метри.