Автомобилизам

Mercedes AMG го претстави новиот CLA 35, троволуменец со 302 коњски сили

 

Додека фановите ги чекаат најјаките А45 и CLA45, од кујната на AMG го презентираат новиот CLA 35, троволуменец со 302 коњски сили.

Моделот на Mercedes CLA 250, повеќе не е најјакиот претставник на CLA класата. Неговите 221 ks ги надмина  CLA 35 со 302 ks со 400 Nm.

За преносот на силата на моторот задолжен е автоматски менувач со 7 степени на пренос од AMG . Од 0-100 km/h забрзува за 4,6 секунди и постигнува најголема брзина од 250 km/h.

CLA 35 стандардно ќе се испорачува со 18 инчни бандажи, а како дополнителна опција ќе бидат бандажи од 19 инчи.

Премиерно CLA 35 ќе биде прикажан на фановите на Саемот за автомобили во Њујорк, на 16 април.

Цената на овој модел ќе се знае во моментот кога ќе почне продажбата која е планирана за средината на оваа година.

 

Слични написи

Aston Martin Vakyrie, ултимативно тркачко возило за автопат

admin

Audi TT ќе биде со 4 врати

admin

На својот 65-ти роденден Fiat 500 води според продажбата во Европа

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.