Автомобилизам

McLaren го претстави долгоочекуваниот модел GT

 

Според изјавите од McLaren, моделот GT е нивниот најпростран и најудобен модел дизајниран досега, што не му пречи да биде најлесен за управување и меѓу најбрзите досега.

За најавените нови правила во сегментот на Grand Tourer автомобилите, во McLaren развија и направија многу лесна каросерија и 4-цилиндричен V8 мотор потпомогнат со 2 турбополначи. Од компанијата, пред да ги споменат перформансите, ја нагласуваат пространоста, удобноста и опременоста во кабината, во која две лица можат да се впуштат во авантури на која било релација и притоа да не почувствуваат никаква тешкотија.

Во McLaren дефинитивно нема да изработуваат SUV возила, но направија GT возило кое дели неколку карактеристики со најавениот ултраспортски модел Speedtail.

Масата на McLaren GT, поради употребата на карбонски влакна, изнесува 1530 килограми, а централно сместениот мотор испорачува 620 ks и вртежен момент од 630 Nm, и му овозможува забрзување од 0-100 km/h за само 3,2 секунди и максимална брзина од 326 km/h.

Преносот на силата од моторот се овозможува со автоматски менувач со 7 степени на пренос. Составен дел на McLaren GT е и софистицираното адаптивно бесење позајмено од моделот 720 S. McLaren GT може да се управува во 3 мода и тоа comfort, sport и track, преку кои се регулира работата на моторот, менувачот и на управувачкиот систем.

Првите примероци се планира да бидат испорачани на купувачите кон крајот на годината, а основната цена во Велика Британија ќе биде нешто над 186.000 евра.

 

 

 

 

 

Слични написи

Четвртата генерација на Škoda Octavia – висока технологија, врвен дизајн и поголема практичност

Biba

Jaguar F-type Rally Concept

admin

Ferrari F8 Spider – полесен и појак од своите претходници

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.