Убавина

Makeup Fridge ќе ви помогне да ја зачувате свежината на вашата козметика

Знаеме дека се препорачува козметичките препарати да се чуваат на ладно место и тоа најчесто го правиме со складирање во ладилникот што го имаме дома, а се користи за храна.

Производителите на Makeup Fridge се погрижија повеќе да не ја чувате козметиката заедно со месото, грашокот и боранијата. Создадоа мал и компактен уред во кој ќе ја чувате и транспортирате вашата козметика без проблеми. Чувањето во ладен простор ѝ овозможува на козметиката да ја зачува влажноста, свежината, но и при нанесување на кожата создава ефект на свежина. Ладната козметика ја поттикнува циркулацијата на кожата.

Makeup Fridge е функционален додаток кој може да го чувате во бањата, во спалната соба, а може да го носите и со себе кога патувате. Мал е и мобилен. Со него има додатоци кои ќе ви овозможат користење дома и во автомобил. Тивок е и воопшто нема да ви пречи.

Првата серија на Makeup Fridge е комплетно распродадена, а од компанијата најавуваат дека наскоро ќе пристигне и втората серија.

Слични написи

Во мода се враќаат фармерките со низок струк

Biba

Моника Белучи знае да биде во центарот на вниманието

dart

Правила за уредна и негувана брада

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.