Mали европски градови кои мора да ги посетите

 

Ако сакате живописни градови во кои има што да се види, а не сакате премногу гужви од туристи, оваа листа на градови задолжително зачувајте ја.

  • Чешки Крумлов, Чешка

На самиот влез во ова сликовито старинско гратче имате чувство како да сте откриле некоја нова димензија во просторот која ве враќа во минатото. Градот ќе ве воодушеви со камените поплочени улици и бајковити мостови на секој чекор. Ако сте допатувале во Прага, Крумлов може да ви биде идеална дестинација за еднодневен излет.

  • Колмар, Франција

Колмар е идеална комбинација од француска и германска архитектура, култура и дух. Ова фотогенично гратче ќе ве воодушеви со своите традиционални ресторани и бои на секој чекор.

  • Почитељ, Босна и Херцеговина

За сите љубители на зеленило, ритчиња и преубави панорами, Почитељ е идеална дестинација. Се наоѓа на левиот брег на реката Неретва, на главниот пат кој води од Мостар до Метковиќ. Со автомобил од Мостар до Почитељ се патува половина час, а погледот од Почитељската тврдина ќе ви го одземе здивот.

  • Халштат, Австрија

Ова гратче сместено на брегот на езерото Халштат е заштитено од УНЕСКО и е прогласено за најубаво место на езеро на целиот свет. Туристите го посетуваат Халштат заради рудниците на сол, па ако некогаш го посетите, не заборавајте да си купите некој од солените сувенири.

  • Бруж, Белгија

Oвој град станува сè попознат меѓу туристите заради неговата убавина. Во центарот на градот има градби кои потсетуваат на Лего коцки, со топли бои, кои создаваат многу пријатна атмосфера.

  • Блед, Словенија

Неколку години наназад ова гратче е едно од најпопуларните места за посета на жителите на поранешните југословенски републики, и едно од омилените места кои се наоѓаат на езеро на туристите од целиот свет.

  • Билбури, Англија

Ако сте тип на туристи кои сакаат да посетуваат традиционални рурални места богати со приказни од минатото и зачинети со добра шоља чај, задолжително на својата листа ставете го Билбури.

  • Албарацин, Шпанија

Го нарекуваат најшармантно мало место во Шпанија. Албарацин е оддалечен два часа од Валенсија. Ќе ве освои со историските градби кои создаваат атмосфера на некое одамна минато време.

  • Пучишќа, Хрватска

Ако некоја земја има мноштво преубави помали и поголеми крајбрежни градови, тоа е Хрватска. Пучишќа веќе не е мало скриено место кое е далеку од туристите и сигурно ќе се заљубите во брегот и во улиците на ова далматинско гратче.

  • Синтра, Португалија

Ако барате дестинација од бајките, почнете го патувањето од Синтра. Магловитото време и панорамата од дворецот Синтра пружа поглед на околните ридови, што ќе во однесе во вистинска приказна од бајките.

  • Анеси, Франција

Изградено околу XIV век, ова гратче до денешен ден го има задржано шармот на тоа време. Опкружено со француските Алпи, ќе ве воодушеви на која страна и да погледнете.

  • Манарола, Италија

Италија е преполна со шарени живописни места на брегот, а Манарола е само едно од нив.

  • Итокортормит, Гренланд

Ако мислите дека името на овој град е тешко за изговарање, обидете се да стигнете до ова место. До Итокортормит се стигнува така што прво од Исланд летате со авион кој полетува еднаш неделно, а потоа со хеликоптер. Така што, ако ги барате најскриените места на светот, штотуку пронајдовте едно од нив.

  • Реине, Норвешка

Ова мирно и сликовито место ќе ве воодушеви со својата природа. Од ова патување ќе се вратите со преубави фотографии.

  • Мостар, Босна и Херцеговина

Мало и прекрасно место во Босна и Херцеговина кое мора да се најде на листата на задолжителни градови за посета.

  • Фрајбург, Германија

Овој град уште се нарекува и Француска Тоскана. Ќе се заљубите во улиците и во живописните бои на овој град.

  • Гент, Белгија

Овде ќе најдете многу градби со традиционална средновековна архитектура, па подгответе се за уште едно патување во минатото. Гент има и богата гастро понуда, а дополнително ќе уживате ако се затекнете за време на некој од фестивалите кои се одржуваат таму.

  • Ротенберг, Германија

Ако овој град ви изгледа познато, да ве потсетиме дека Волт Дизни го користел како инспирација за филмот Пинокио.

  • Ароса, Швајцарија

Ова место е омилена дестинација за одмор на англиското кралско семејство. Зеленилото и панорамата на Швајцарските Алпи ќе ве освојат на прв поглед.

  • Берген, Норвешка

Берген е без сомнеж најшармантниот град во Норвешка. Ќе се заљубите во него на прв поглед заради шарените куќички кои се наоѓаат веднаш над морето.

 

Копирањето на содржината е забрането!