Karma го објави новиот тизер за својот ултраелегантен автомобил

 

Малку по малку компанијата Karma го претставува својот концепт за автомобил со потписот на дизајнерската легенда Pininfarina.

На новиот тизер, инаку трет по ред, се откриваат малку детали – како страничните сребрени лајсни на прозорите, но поголемиот дел е сокриен во сенка.

Страничниот профил открива дека наликува на моделот Revero, но нема задни врати и е малку подолг од него.

Првиот тизер го покажа предниот дел од автомобилот, ЛЕД светлата и одредени детали што потсетуваат на Lamborghini Centenario, додека вториот тизер го најави задниот дел од автомобилот со ЛЕД светлосна лајсна и централно поставеното лого на Karma.

Ако се суди според тизерите, концептот е вистински магнет за привлекување на внимание.

За дизајнот на концептот на Karma заслужен е Pininfarina, а претставувањето е планирано за Саемот на автомобили во Шангај овој месец.

Заедно со овој концепт, на сцената просторот ќе го делат и подобрениот Karma Revero и веројатно концептот на кросовер.

 

Копирањето на содржината е забрането!