Автомобилизам

Jaguar F-Pace доработен од Lister достигнува 322 km/h

Долгогодишната компанија која се занимава со доработка на возилата на Jaguar, Lister Motor Company, како свој најнов проект го имаше Jaguar F-Pace.

Проектот има наслов LFP. Моделот што го доработија е со препознатлива “british racing” зелена боја со жолти детали, а внатрешноста е перфетктна.

Од Lister Motor Company не ги објавија деталите за доработениот модел, но сепак некои детали се познати. Максималната брзина која може да ја достигне нивниот проект е 322 km/h благодарение на петлитарскиот мотор со суперполнач и силата од 670 ks. Забрзувањето од 0-100 km/h е за само 3,6 секунди.

Цената на овој преработен кросовер почнува од 158.000 евра и ќе бидат изработени само 250 примероци.

Слични написи

Мекларен го претстави 720S Ле Ман – потсетник за победата во Франција

Biba

Првиот мотоцикл на Aston Martin

admin

Сони и Хонда заедно ќе произведуваат електрични автомобили

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.