Технологија

Huawei Mate Xs 2 доаѓа во Европа во јуни, со цена од 1.999 евра

Huawei одржа настан на кој го претстави својот нов смартфон на преклопување Mate Xs 2 за глобалниот пазар, како и неколку паметни часовници и фитнес-трекери.

Mate Xs 2 доаѓа на европските пазари во јуни, ќе биде достапен во бела, црна и виолетова боја, а ќе чини 1.999 евра. Овој паметен телефон се продава на кинескиот пазар од април.

Уредот има 7,8-инчен OLED екран со резолуција од 2.480×2.200 пиксели и фреквенција од 120 Hz, а кога е преклопен/затворен, корисникот има 6,5-инчен екран кој е поудобен за користење со една рака.

И покрај неговата големина, Mate Xs 2 тежи 255 грама, што е значително помалку од неговиот претходник Mate Xs (300 грама) и Mate X2 (295 грама). Новиот паметен телефон се напојува со процесорот Snapdragon 888 4G на Qualcomm, поврзан со 8 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.

На задната страна е главната камера од 50 MP, ултра широка 13 и телефото 8 MP со 3x оптички зум. На предната страна е камера од 10,7 MP. Капацитетот на батеријата е 4.600 mAh и поддржува брзо полнење од 66 W.

Можеби ќе ве интересира

Google открива со која опција батеријата на мобилниот ќе ви трае подолго

Biba

Што му предвидува Бил Гејтс на човештвото за следните 10 години

Biba

Инстаграм им овозможи на корисниците со IOS опција што ќе им го олесни користењето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.