Технологија

Huawei официјално го претстави Y7 Pro 2019

Y7 Pro 2019 е мобилен телефон од средната ниска серија на Huawei, базиран на Qualcomm Snapdragon 450 процесор, со двојна задна камера.

Опремен е со 6,26 инчен HD+ екран во 19:9 размер, осумјадрен Qualcomm Snapdragon 450 процесор, Adreno 506 графика, 3 GB рам меморија и 32 GB внатрешна меморија. Меморијата ќе може да се проширува со користење на SD мемориска картичка до 512 GB. Енергијата ќе му ја дава батерија од 4000 mAh.

Од задната страна опремен е со двојна камера во комбинација на главна од 13 MP и секундарна со 2MP. Селфи камерата е со сензор од 16 MP, а оперативниот систем е 8.1 Орео со комбинација на интерфејсот EMUI 8.2.

Очекуваната цена е 150 евра.

Слични написи

SpaseX објави фотографија од првото суборбитално летало

Biba

Во Дубаи е претставена суперјахтата Esquel

Biba

Од Фејсбук размислуваат да го сокријат бројачот на “лајкови”

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.