Една од технолошки најнапредните компании Huawei, не престанува да нè изненадува со своите иновации и новитети. За оваа година од компанијата најавија појавување на 5G 8K TV.
Извори кои се запознаени со технолошките планови на компанијата, велат дека сетот ќе содржи 5G модем кој содржините во 8К формат ќе ги стримува без потреба од кабелски модем или фиксна интернет линија и ќе може да служи и како рутер за другите уреди во домот кои ќе се поврзуваат на интернет.
Спарувањето на 5G конекција со 8K екран се гледа како можност за премостување на потешкотиите на стримување на тешките 8K содржини.
Со 8K резолуцијата, 5G конекцијата би можела да обезбеди стриминг и на видеа снимени под агол од 360 степени.
Останува да почекаме и да видиме како ќе се покаже нивното ново технолошко чудо.