Откако во јули се појавија првите најави за можна верзија која ќе биде ривал на склопливиот мобилен од Самсунг, компанијата Huawei ги направи официјалните чекори со наговестување дека веќе следната година може да се појави нивна верзија на мобилен со преклоплив екран, а кој би бил директен конкурент на Samsung X, најавениот телефон со преклоплив екран од Самсунг.
Од порано од Huawei говореа за потенцијалите на телефоните со преклоплив екран, со оглед на тоа дека кинескиот бренд инвестира огромни средства во 5G мрежата и во нејзините потенцијали. Така што на големо се зборува за преклопливиот телефон кој ќе го искористи максимумот на најновата мрежа.
Во меѓувреме од Huawei ги претставија своите најнови модели на мобилни телефони Mate 20, Mate 20 pro и Mate 20 X.