Технологија

Huawei го надмина најновиот iPhone на тестот за камера

Не е потребно да зборуваме за значењето на Apple во светот на мобилните телефони, неговите смартфони направија вистинска револуција во овој технолошки сектор. Меѓутоа, како и на сè во животот, и на тоа му дојде крајот.

Неколку генерации наназад iPhone во дизајнерска смисла не нуди ништо ново, освен што додава по некој шминкерски детаљ, како што е наопаку поставената задна камера или заб на врвот на екранот. Многубројната конкуренција во тој поглед одамна ги надмина, па денес може да се купат визуелно импресивни модели на смартфон како што се Xiaomi Mi Mix 2S или Vivo Nex.

И покрај тоа, нивниот углед ги држеше високо на листата на приоритети на секој сноб кој држи до себе, а ги ценеа и технолошките познавачи, бидејќи секој iPhone е пред сè вистински брутален мини-компјутер во вашиот џеп. И повторно се јавува она “но…” .

Гордоста од Купертино се истакнуваше најмногу со своите камери кои секогаш биле еден чекор пред конкуренцијата. Заради тоа, ништо помалку не се очекуваше ниту од iPhone XS Max кој требаше да биде (со акцент на “требаше да биде”) новиот хардверски крал со врвна камера.

Веднаш штом iPhone XS Max стана достапен, беше подложен на ригорозниот тест за камера од DxOMark, кој е релевантно мерило за квалитет на мобилни телефони. На овој тест iPhone XS Max постигна импресивен резултат со 105 бодови. Но тоа, за жал, не беше доволно да го заземе првото место, бидејќи на него се наоѓа Huawei P20 Pro со постигнати 109 бодови, резултат кој го оствари уште во март оваа година.

DxOMark не го тестираше помалиот iPhone XS, но се верува дека ќе постигнеше ист или многу сличен резултат како XS Max верзијата, заради тоа што двата модела имаат идентичен хардвер и софтвер за камерата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=hx2Wx2QJ6iY

 

Следува табелата на која е прикажано рангирањето на 10-те мобилни телефони со најдобра камера.

Слични написи

Мајкрософт со Андромеда влегува во битката на телефони со екрани на преклоп

Biba

НАСА ја заврши мисијата на Марс која траеше 14 години

Biba

Rocket Lake генерацијата на процесори на Интел ќе се појави на пазарот порано од планираното?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.