Убавина

Havaianas и Farm Rio ги претставија новите апостолки со разигран летен дизајн

Farm Rio, бразилската модна сензација позната по своите смели и разиграни принтови, ги здружи силите со култниот бренд за флип-флоп апостолки Havaianas, сакан низ целиот свет, за соработка која ја слави различноста на бразилската природа и култура.

Апостолките Havaianas се задолжителни летни обувки кои ги носиме од една топла сезона во друга и дефинитивно се првиот избор за плажа и топли денови. Тие деновиве ја претставија новата колекција во соработка со уште еден бразилски бренд – Farm Rio. Водени од радоста и позитивната енергија, претставија нова колекција на апостолки со колоритен и жив дизајн, како да се создадени за долго, топло лето.

Колекцијата Havaianas x Farm Rio носи повеќе модели на апостолки, а секој од нив доаѓа со препознатливи дизајни на Farm Rio, инспирирани од различни овошни и цветни дезени, на класичниот Havaianas Top модел. 

Брендот Havaianas, кој е основан пред повеќе од 60 години – во 1962 година, успеа да ги направи апостолките многу посакуван моден предмет. Од лансирањето на брендот повеќе од пет милијарди парови апостолки се продадени ширум светот. Havaianas се опишува себеси како повеќе од бренд за плажа – тоа е начин на живот. Тоа го потврдуваат и бројките, па така денес во Бразил 94 отсто од населението има барем еден пар апостолки дома. Секоја година Havaianas продава повеќе од 240 милиони парови апостолки ширум светот.

Слични написи

Модни дизајнери кои ги знаеме по име, но не ни текнува како изгледаат

Biba

Маникирот на иднината постои и доаѓа во спреј

dart

Нега на кожата и на косата по сончање

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.