Автомобилизам

Harley Davidson го претстави својот прв електричен мотор

Harley Davidson, бренд кој низ времињата бил сон на многумина, го претстави својот прв модел на мотор на електричен погон.

Live Wire е мотор на електричен погон за кој се зборува уште од 2014 година. Дефинитивно од Harley Davidson излегоа со конечната верзија на нивниот електричен спринтер и најавија дека веќе од јануари 2019 година ќе почнат да примаат нарачки за Live Wire.

Инаку, Live Wire го придвижува електричен мотор со перманентен магнет, кој ќе се карактеризира со звук различен од досегашните верзии на Harley Davidson, за кој велат дека во зависност од брзината ќе ја менува фреквенцијата на звукот. Ќе биде без кумплунг и без менување на брзини, со моќност од 72 ks.

Податоците за забрзувањето и максималната брзина од производителот не беа објавени. Иако податоците за батеријата не беа соопштени, се очекува автономијата на електричниот Харли да биде околу 160 километри и дека тоа ќе биде батерија со можност за брзо полнење.

Системот за кочење ќе биде од производителот Brembo.

Технологијата што ќе биде вградена ќе се погрижи возачот да ги има податоците што му се потребни на екран и ќе има можност за одбирање на еден од седумте модови за возење, и други параметри.

Harley Davidson ќе ја таргетираат младата и модерна популација која ќе може да ужива во возењето на нивниот Live Wire.

Цената сè уште не е официјализирана.

Слични написи

Мазда останува фокусирана на развојот на моторите со внатрешно согорување

Biba

Porsche Panamera GTS

admin

BMW iX3 во производство во 2020 година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.