Убавина

“Grombre” – тренд кој ја слави седата коса

Американката Марта Трусло Смит на Инстаграм покрена профил кој ги охрабрува жените гордо да ја носат својата седа коса.

“Grombre” е тренд кој сè повеќе жени во САД почнуваат да го следат и практикуваат.

Марта Трусло Смит на својот Инстаграм профил ја објаснува причината заради која го започна овој тренд.

“Косата почна да ми белее уште во пубертетот. Убаво се сеќавам како луѓето околу мене се чудеа на мојата седа коса. Како да е нешто поради кое треба да се шокираш. Всушност, на 13 години е и малку чудно да имаш седа коса. Како млада тоа го доживеав како нешто од кое треба да се срамам, па почнав да ја бојам косата. Седата коса беше скриена само првите неколку дена и потоа пак се појавуваа белите влакна и пак истиот срам. Во 2015 година почнав да размислувам за важноста на автентичноста и за тоа дека ако се прикривам не сум 100% јас. Решив да престанам да ја бојам косата и да ја пуштам вистината на виделина. Сега се чувствувам комплетно јас. Тоа е патување кое со секој следен ден го сакам повеќе. Дури успеав да поттикнам и други жени да го следат мојот пример”, вели Смит.

Во прилог ѝ оди и фактот дека има 60.000 следбеници на профилот кои меѓусебно се поддржуваат и разменуваат фотографии. Се разбира, не значи дека не треба да се грижи за седата коса, да се запушти и да се остави да биде здодевна.

Некои од американските актерки како Дајан Китон, Џејми Ли Кертис, Глен Глоуз, британската актерка Хелен Мирен, решија да се приклучат на трендот и да ја носат гордо со својата седа коса.

Дајан Китон

Џејми Ли Кертис

Хелен Мирен

Глен Клоуз

Слични написи

Природни маски за нега на кожата

Biba

Гламур во движење

dart

Неколку трикови за шминкање со кои очите ќе изгледаат визуелно поголеми

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.