Сите љубители на Pixel серијата на уреди од Google имаат причина за задоволство, бидејќи компанијата ги подготвува новите уреди.
Од Google за The Verge изјавија дека на пазарот ќе пласираат нови таблети и лаптоп компјутери.
Компанијата го реорганизираше својот оддел со назив Create и дел од вработените ги пренасочи во нови оддели за да работат на новите технолошки достигнувања.
На Pixelbook му е потребно освежување за да може рамноправно да се натпреварува со останатите производители.
Во Google продолжуваат да ги развиваат своите claud услуги, вклучително и gaming услугите во соработка со компанијата Stadia.