Автомобилизам

Golf R на ABT со “скромни” 350 коњски сили

 

Најверојатно во раководството на германската тјунинг компанија ABT не се сложуваат и придржуваат до актуелните WLTP норми, според кои Фолксваген мораше да го пригуши моторот на нивната најјака верзија на Golf.

ABT во својата понуда го нудат најјакиот Golf, не со 300, туку со 350 коњски сили. За да го постигнат зголемувањето на силата и вртежниот момент, се позанимаваа со рекалибрирање на централната управувачка единица. Со новиот потенцијал на моторот во понудата е и адекватно доработено бесење кое со себе носи поцврсти стабилизатори, пониски федери и унапредени амортизери.

Понудата на алуминиумски бандажи се движи од 18-20 инчи, а искусните љубители на спортските голфови ќе забележат дека верзијата на АBТ се разликува од фабричката верзија на Golf R по црните четириделни завршетоци на издувниот систем.

Перформансите на најјакиот Golf што е доработен во ABT  сè уште не се познати.

 

Слични написи

Британски автомобили што оставиле голема трага во историјата

Biba

Новиот Passat е прогласен за „Најдобар бизнис автомобил за 2019 година“

admin

Opel најавува повлекување на моделите Adam, Karl и Cascada

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.