Gemballa е една од најпознатите тјунинг компании кои се занимаваат со доработки на спортски автомобили. Нивниот неодамна починат основач Uwe Gemballa сигурно би бил горд на дизајнерите со нивната креација со име Gembala GTR 8XX Evo-R Biturbo.
И додека останатите тјунинг компании размислуваат за доработки на новите верзии на Porsche 911 (992), во Gemballa се позанимаваа со постарата генерација на Porsche 911 Turbo S од серијата во заминување со ознака (991.2).
Покрај нагласено проширените калници (кои потсетуваат на моделот на познатиот модел 993 GT2 Evo) со кој покрај нагласениот спортски изглед се создаде додатен простор за пошироки тркала, Gembala GTR 8XX Evo-R Biturbo го красат и додатни аеродинамички каросериски компоненти изработени од карбон.
Поентата на целиот тјунинг е всушност она што се крие под хаубата, а тоа е доработен 3,8 литрен biturbo V6 мотор кај кој силата од стандардните 580 ks порасна на 818 ks, вртежниот момент од 750Nm на 1098Nm.
Целата доработка на моторот му овозможува на Gembala GTR 8XX Evo-R Biturbo забрзување од 0-100 km/h за само 2,3 секунди.