Автомобилизам

Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили

 

Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили, на американскиот пазар ќе се појави во 2020 година со подобрена шасија, аеродинамика и со нов мотор.

GT 500 ќе го придвижува рачно изработен 5,5-литарски V8 мотор со суперполнач и огромна моќ од 760 коњски сили, вртежен момент од 847 њутн метри и ќе биде најјакиот продукциски V8 мотор со суперполнач на светот.

 

 

Силата ќе се пренесува со автоматски менувач со 7 степени на пренос и на задните тркала ќе се праќа со карбонско вратило, а промената на брзината ќе се случува за неверојатни 100 милисекунди.

Сите спецификации не се сè уште објавени, но се знае дека забрзувањето од 0-100 км/ч ќе биде за околу 3 секунди.

 

 

GT 500 ќе биде опремен со лесни спирали, активни амортизери, сопирачки од брендот Брембо, Мишелин Пилот Спорт 4С гуми. Исто така, ќе го има line-lock системот, кој ќе ги блокира предните тркала и ќе му овозможи на возачот да ги “запали” задните гуми. Од Форд подготвија и пакет за подобро управување на возилото.

 

 

 

 

Цената на Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили, сè уште не е позната.

 

Слични написи

Mercedes X класа – чудовиште со 6 тркала

Biba

Новиот Volkswagen Transporter 6.1 дебитира на најголемиот светски саем за градежни машини и апарати

Biba

ABT не престанува да изненадува: Audi RS6 Avant Performance Nogaro Edition

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.