Во август Ферари го претстави моделот 488 Pista Spider, својот 50-ти по ред кабрио модел, а на Саемот на автомобили во Париз излегоа со деталите за него со нагласок за подобрувањата што ги доби во однос на својот претходник 488 Spider.
Уште од август знаеме дека 488 Pista Spider ќе го движи 3,9 литарски V8 twin-turbo мотор кој ќе испорачува 720 кс и 770 Nm вртежен момент, што ќе му овозможува старт од 0-100 км/ч за само 2,85 секунди и да постигне максимална брзина од 340 км/ч. Ќе се испорачува со автоматски менувач со 7 степени на пренос кој е побрз за 70 милисекунди од претходникот.
Во однос на претходникот направени се суптилни измени, од зајакнување на компоненти на моторот, сè до подобрување на аеродинамиката за 20% во однос на 488 Spider.
Ферари се потпре на технологијата и стратегијата која ја примени кај 88 Challenge и 488 GTE, со надеж дека Pista Spider ќе биде побрз од моделот кој го заменува.
Исто така и моторот е подобрен, доби нови вентили и спирали, зајакнати клипови, зајакната глава на моторот, истенчени се облогите од цилиндрите со што целиот мотор е полесен за 18 килограми. Олеснувањата што се постигнати кај моторот не може да ја надоместат додатната тежина од склопливиот кров.
488 Pista Spider личи како Pista Coupe без кров, но под маската се кријат бројни подобрувања на перформансите и збогатување на екстериерот.