Технологија

Facebook со нова видео апликација за да ги привлече младите

Многуте истражувања спроведени последниве месеци укажуваат на фактот дека Facebook го губи приматот на број 1 социјална мрежа меѓу младите. Од таа причина од компанијата се решија на чекор со кој се надеваат дека ќе ги вратат изгубените млади корисници, со видео апликација именувана Lasso.

Lasso треба да ги врати младите корисници од Instagram и Snapchat назад на Facebook. Апликацијата овозможува споделување на видео фајлови и музика. Не е многу различна од моментално актуелната Tik-Tok која е популарна кај младата популација.

Во самата апликација Lasso ќе може да се следат авторите на видео клиповите, да се пребарува по хаштагови, да се откриваат вирални видеа.

Lasso е апликација која е наследник на апликации како Lifestage и Facebook rooms кои Facebook ги лансираше во минатото со иста цел, враќање на младите корисници.

Со оглед на тоа дека тоа не им успеа во минатото, прашање е колку новата видео апликација ќе го постигне посакуваниот ефект.

Слични написи

Еколошки прифатлива технологија

admin

Неофицијално се појавија слики за изгледот на првиот гејмерски мобилен телефон на Леново

Biba

НАСА планира да го спушти Роверот во исушеното езеро на Марс

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.