Автомобилизам

E-tron, првиот електричен Ауди

Првиот Ауди “E-tron”, на почеток како СУВ верзија, ја доживеа својата светска премиера во САД. “E-tron” треба да конкурира на Тесла моделот “X”, Јагуар “I-pace” и неодамна прикажаниот Мерцедес “EQS”, а во продажба треба да се појави кон крајот на годината.

Се знаеше дека ќе се појави новиот Ауди, но дури откако го прикажаа официјално се открија сите детали за електричниот Ауди. Се работи за СУВ верзија, и ако сакате да го разликувате од останатите, идниот “E-tron” ќе ја носи ознаката “55 quattro”.

Овој спортски СУВ спаѓа во класата на електрични автомобили, со декларирана автономија нешто над 400 километри со едно полнење, но неговата технолошка специфичност се состои во тоа дека има можност да ја регенерира енергијата со што на автономијата придонесува со добри 30 проценти.

Очекувано, погонот е на сите четири тркала, и користи по еден електро-мотор за предната и задната осовина, а вкупната моќ им изнесува 300 KW, со вртежен момент од 664 Nm. “E-tron”, како што е наведено, воопшто нема да е тром, со забрзување до 100км за 5,5 секунди.

Првиот комплетно електричен “E-tron”, покрај сите технолошки подобрувања, нуди и супер брзо полнење, што би рекло, доколку имате на располагање приклучок кој може да испорача 150 kw, вашиот Ауди може да ги наполни батериите до 80% за само 30 минути.

Сопственик на ваков автомобил може да станете веќе до крајот на годината, за кога од Ауди најавија дека ќе се појават првите примероци.

Цената во Европа ќе биде од 79.900 евра, а во САД ќе се појават во следниот квартал со почетна цена од 74.300 долари.

Првите 2600 автомобили ќе бидат означени со “EDITION ONE”, и тие модели ќе бидат побогати со опрема, а со тоа и поскапи.

Слични написи

Aston Martin ја прослави 100-годишнината на Zagato со близнаци од серијата Vintage

Biba

Актуелната тојота супра во акција на патека

Biba

Фолксваген одржа специјален настан за испорака на најскапиот голф во историјата

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.