Автомобилизам

Citroen го распродаде My Ami Buggy за 17 минути и 28 секунди

Citroen ги продаде сите 50 возила My Ami Buggy за многу кратко време.

Citroen започна со производство на возилото минатата недела, а сите планирани примероци „изгореа“ многу брзо, поточно за 17 минути и 28 секунди.

My Ami Buggy е наменет исклучиво за францускиот пазар, а испораките се очекуваат во август. Четирициклот нема врата, но има ткаенина што може да се навлече во случај на врнежи.

Возилото го придвижува мотор кој испорачува 8 КС, а има и батерија од 5,5 kWh. Максималната брзина е 48 km/h, а досегот е 76 километри.

Citroen My Ami Buggy го започна својот живот како концепт во декември 2021 година.

Слични написи

Алонсо го надмина Шумахер и постави нов рекорд во Формула 1

dart

Тојота на Саемот за автомобили во Париз

admin

Porsche откри како ќе изгледа електричниот наследник на хибридниот модел 918 Spyder

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.