Автомобилизам

BMW M5 G-POWER ѕвер од 800 КС

Германската тјунинг компанија G-POWER, на купувачите на БМВ М5 им нуди палета на подобрувања на нивниот автомобил, со која ќе го претворат автомобилот во ѕвер од 800 KS.

Во подобрувањата спаѓаат – специјална оптимализација на 4,4 литарскиот твин турбо мотор и нов издувен систем од титан, со кои сериските 600 KS се претвораат во неверојатни 800 KS, со вртежен момент од 980 Nm. Наведуваат дека за да ги направат измените и подобрувањата на серискиот мотор на М5 купувачот ќе треба да се откаже од фабричката гаранција, а како награда ќе ги добијат следниве параметри: забрзување до 100 км/ч за 2,9 секунди и максимална брзина од 335 км/ч.

Останува да се запрашате дали вреди пола секунда поголемо забрзување и 30 км/ч поголема брзина за сето тоа.

Од G-POWER освен подобрувањето на моторот и издувниот систем, додадоа ново обесување, карбонски додатоци и 21 инчни бандажи.

Исто така нудат и две послаби варијанти со назив “Stage1” каде се појачува снагата на 700 KS и “Stage2” каде снагата се зголемува на 750 KS.

Имате избор.

Слични написи

Нова димензија на луксуз со BMW X7

admin

Шкода го освежи знаменосецот суперб

Biba

Volkswagen ID.R со нов рекорд на Гудвуд побрз од Формула 1

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.