Сцена

Blood Red Roses, новиот албум на Род Стјуарт

Легендарниот Род Стјуарт го објави својот триесетти соло албум со назив “Blood Red Roses”. За таа пригода го лансираше и синглот “Didn’t I”.

Се работи за неговиот прв албум по 3 години пауза. Како продуцент на албумот се јавува неговиот долгогодишен пријател Кевин Савигар.

Како што сме навикнати од Род Стјуарт, новиот албум изобилува со жанровска разновидност, едноставно со сите особини заради кои е еден од најпродаваните музичари на сите времиња.

Новиот албум е снимен на малку неконвенционален начин.

“Поголемиот дел од песните се снимени во хотелски соби и во бекстејџ просторот после концертите. Тоа е прекрасен начин да снимиш материјал, бидејќи не си со месеци затворен во студио. Премногу години поминав затворен во студијата во кои баш не сакам да престојувам. Затоа мислам дека овој начин на кој ги снимивме песните е супер”, изјави Стјуарт.

Албумот содржи 13 песни во обичната верзија, а 16 во де лукс верзијата. Синглот “Didn’t I”, што е објавен како најава на албумот говори за последиците од користење на дрога од перспектива на родител.

Во педесетте години на својата професионална кариера Род Стјуарт сними 30 студиски албуми кои се продадени во 200 милиони примероци.

Добитник е на бројни награди (Grammy, New York Times Bestseller), а во 1994 година е внесен во Rock & Roll куќата на славните. Во 2016 година доби и витешка титула.

Слични написи

Џенифер Лопез и Алекс Родригез го потврдија крајот на свршувачката: Ќе бидеме подобри како пријатели

dart

Ford v Ferrari – филм што не се пропушта

Biba

Продолжението на култниот филм “Сјаење” на Стивен Кинг, најавено за ноември оваа година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.