Автомобилизам

Bentley Flying Spur – луксуз без компромис

 

Британската автомобилска компанија Бентли, која е под патронат на Фолксваген, ја претстави третата генерација на луксузната лимузина Flying Spur.

Со она што го нудат во Flying Spur треба да ги исполнат и најстрогите критериуми на купувачите кои бараат луксуз на највисоко ниво.

Должината на возилото изнесува 5304 милиметри, меѓуоскиното растојание е 3195 милиметри, и со тоа е поголем од претходникот.

 

 

Зголеменото меѓуоскино растојание им овозможува на патниците дополнителна удобност. За луксузот е излишно да се зборува, може само да се наведе огромниот панорамски кров кој се придвижува.

Во дизајнот на лимузината од третата генерација видлив е потсетник на минатите времиња во делот на препознатливата решетка на ладилникот, која потсетува на ладилникот на Continental Flying Spur од 1957 година.

 

 

Бентли ќе го понуди новиот Flying Spur во 17 бои на каросеријата, а по желба на купувачите присуството на хром ќе биде помало или поголемо. За исполнување на желбите на купувачите ќе биде задолжена компнијата Милинер.

 

 

Flying Spur ќе има 6-литарски w12 мотор, кој со помош на два турбополначи ќе испорачува 635 коњски сили и вртежен момент од 900 њутн метри. Преносот на силата се извршува на предните и задните тркала со помош на автоматски менувач со 8 степени на пренос. Со оваа конфигурација, 2435 килограми тешкиот автомобил од 0-100 км/ч забрзува за 3,8 секунди и постигнува максимална брзина од 333 км/ч.

Првите примероци на Flying Spur се очекуваат на почетокот на следната година.

 

 

Слични написи

Уникатот на Lamborghini, моделот SC 18

admin

Топ 6 спортски автомобили со најдобар звук

admin

Шкода го освежи знаменосецот суперб

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.