- Autobest, кој ги претставува гласовите на 31 европска нација со членови на жирито составени од по еден реномиран новинар од секоја земја, го избра комплетно новиот сеат леон за победник
- Претставник од нашата земја е Мишко Барзов од Автомагазин
- Сосема новата мешавина на динамика, ефикасност, напредна безбедност и поврзаност на сеат леон го убеди жирито
- Ова е вторпат сеат да ја добие Autobest наградата; во 2017 година, сеат атека веќе ја доби врвната чест
Комплетно новиот сеат леон ја доби наградата „Autobest 2021“, европско признание за „Најдобар автомобил на Европа 2021“. Панел-жирито на Autobest е составено од 31 член од едни од најпознатите новинари во автомобилската индустрија од цела Европа, а за нашата земја официјален член на жирито е Мишко Барзов од Автомагазин. Ова е вторпат во 70-годишната историја на сеат да ја добие оваа чест; во 2017 година сеат атека ја доби истата награда. Тоа ја истакнува посветеноста кон развојот на возилата кои го надминуваат вообичаеното и нудат нешто навистина исклучително на пазарот.
„Горди сме што нашиот нов сеат леон е избран за „Autobest 2021“, најдобро можно признание за тимот што беше вклучен во лансирањето на најдобриот леон досега. Автомобил дизајниран, развиен и произведен во Барселона, оваа награда ни дава обновена сила да гледаме самоуверено во иднината. Сеат леон докажува генерација по генерација дека е важен столб на сегментот и наградата од Autobest го зајакнува значењето што го има леон на пазарот “, рече Вејн Грифитс, претседател на сеат и купра. „Го доведе сегментот на едно ново ниво, комбинирајќи импресивен дизајн со технолошкиот напредок за да создаде возило што обезбедува сè што им е потребно на клиентите“.
Целосно новиот сеат леон има неверојатен учинок, низ сите генерации на возилото што го дефинираат сегментот, продадени се повеќе од 2,3 милиони единици. Сеат леон е бестселер во Шпанија од 2014 година и претставувањето на возилото од четвртата генерација го донесе најдобриот леон досега на пазарот.
Успехот на сеат леон е изграден врз основа на инвестиција од 1,1 милијарда евра насочени кон истражување и развој, што резултираше со достигнување на врвно ниво во однос на поврзаноста, ефикасноста, динамичноста и безбедноста, како и понатамошно развивање на производните капацитети.
Целосно новиот сеат леон беше дизајниран и развиен во Барселона, за да ја одржи својата позиција не само како основен столб во понудата на возила во сеат, туку и како издвоено возило во сегментот. Врвните нивоа на поврзаност, го прават новиот леон вистински дел од нашето секојдневие и првиот целосно поврзан автомобил на сеат кој доаѓа со голем пакет на нови технологии на погонскиот систем; бензин (TSI), дизел (TDI), благ хибрид (eTSI) и plug-in хибрид хибрид (e-HYBRID) кој се очекува наскоро да биде дел од понудата и кај нас. Овие карактеристики овозможуваат остварување на вистинските потреби на возачите и одлично прилагодување на нивниот животен стил и потреби со интеграција на најнапредните достапни системи за помош на возачот. Благодарение на тоа, новиот сеат леон e едно од најдобрите возила во својата категорија.
Напредокот на комплетно новиот сеат леон во однос на поврзаноста, ефикасноста, перформансите и безбедноста, неодамна докажан од петте ѕвезди остварени на Euro NCAP 2020 година, кои се постигнати благодарение на MQB Evo архитектурата на возилото, обезбедувајќи пакет алатки потребни за развој на возило што одговара на многубројните потреби на клиентите на сеат. Наградата Autobest е меѓу најпрестижните во Европа и се одржува последователно од нивното основање во 2001 година. 31 новинар го сочинуваат панелот за доделување награди и имаа можност да го тестираат новиот сеат леон за време на финалето, прославено во Австрија на почетокот на ноември.