Автомобилизам

AUDI A6 доби Black Edition верзии

 

Компанијата Audi ги претстави Black Edition верзиите за својот модел A6.

Опремата е наменета за A6 лимузината и Avant караванот. Се работи за најјаката опрема, која ако се споредува е појака и од популарната S-line опременост.

Разликата и промената во опременоста се гледа во новите 20-инчни бандажи, изработени во мат црна верзија со краци во V форма.

Екстериерот во новата Black Edition е исто така променет со затемнување на задните стакла, а во црна боја е и предната решетка кај моторот, ретровизорите, задниот дифузер, а во случајот со Avant караван верзијата црни се и кровните носачи.

Внатрешноста ги поседува стандардните детали на S-line пакетот, предни спортски кожни седишта, спортски управувач преслечен со црна перфорирана кожа.

Опремата скоро да е комплетно пренесена од S-line верзијата со додатоци кои се својсвени за Black Edition. Најновиот dual screen infotainment е стандарден, но има опција за понатамошна надградба со Technology пакет во кој се добива навигациски систем потпомогнат со Google maps. Се добива и поголем дисплеј од 10,1 инчи. Новите LED Matrix предни светла се подобрени во однос на LED во S-line верзијата.

 

 

Слични написи

Бентли го претстави Continental GT Speed – британскиот разурнувач

dart

Осмата генерација на Volkswagen Golf доживеа светска премиера

Biba

Првиот и најјакиот електрифициран ламборгини

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.