Технологија

ASUS го претстави својот ZenFone 6

 

ASUS официјално го претстави наследникот на моделот ZenFone 5, кој логично го има називот ZenFone 6.

Овој модел по многу работи се разликува од својот претходник, почнувајќи од изгледот до низа на технолошки подобрувања. Горниот раб на смартфонот е тргнат за да се овозможи ротирање на камерата и промена на функцијата од задна во предна селфи камера.

Целиот смартфон покажува дека ASUS ја менува перцепцијата со цел да си најде свое место на пазарот на телефони и мобилни уреди.

Што се однесува до камерата, има една од 48 мегапиксели како главна и една од 13 мегапиксели со широк агол. Камерите се одлични за групни фотографирања и прават добри селфи фотографии. Куќиштето е метално, а со тоа и издржливо.

ZenFone 6 ќе има 6 гига рам и внатрешна меморија од 64 гига бајти, ќе се продава со иста цена како и претходникот – 499 евра, а ќе биде достапен и во подобрена верзија со 8 гига рам и 256 гига внатрешна меморија.

Иако според цената е во средната група, ZenFone 6 е телефон кој содржи параметри од високата класа, со Qualcomm Snapdragon 855 процесор, Gorilla Galss 6 стакло, алуминиумско куќиште, батерија со дури 5000 mAh, но не е отпорен на вода и не поддржува безжично полнење.

 

Слични написи

Мобилниот телефон има повеќе бактерии отколку рачката на казанчето

Biba

Милијардерот Ричард Бренсон ќе ја истражува светската мистерија – големата Сина Дупка кај Белизе

admin

Флота на дронови би можела да пронаоѓа изгубени планинари

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.