Од Aston Martin пристигна моделот Valiant кој ќе биде произведен во само 38 примероци.
Првично нарачан од возачот на Формула 1, Фернандо Алонсо, станува збор за моќен автомобил фокусиран на патеката, легален на патиштата ќе го има своето деби на овогодинешниот фестивал на брзината во Гудвуд, со испораки на клиенти кои започнуваат во третиот квартал.
Ексклузивниот модел е развиен од дивизијата Q by Aston Martin и е придвижуван од 5,2-литарски V12 мотор кој испорачува 745 КС и 753 Nm вртежен момент. Тоа значи дека е за околу 30 КС помоќен од Valour, додека вртежниот момент е ист. Како и Valour, и Valiant доаѓа исклучиво со 6-брзински мануелен менувач, кој ја испраќа силата на задните тркала.
Беа направени бројни модификации за да се задржи тежината што е можно пониска, како што се бандажите со магнезиум од 21 инчи, кои се полесни за 14 килограми. Исто така, литиум-јонската батерија „заштеди“ дополнителни 11,5 килограми.
Со оглед на тоа дека Valiant е фокусиран на патеката, не е изненадување што Aston Martin напорно работеше на управливозта и возните карактеристики. Сите модели доаѓаат стандардно со Multimatic Adaptive Spool Valve амортизери, кои вршат прилагодувања за помалку од 6 милисекунди. Исто така, режимите на возење Sport, Sport+ и Track се рекалибрирани, карбон-керамичките дискови се дел од стандардната опрема, како и масивни дискови од 410 mm напред и 360 mm задни.
Визуелно, Valiant е многу поагресивен од Valour, украсен со голем број нови карбонски детали, вклучувајќи нов сплитер и браници во близина на предните тркала. Напред е нова карбонска решетка со целосна должина, нови штитници, додека бандажите имаат аеродинамични дискови. Праговите се инспирирани од Формула 1, додека одзади има фиксирано задно крило и нов карбонски дифузор.
Valiant доби и поинаков ентериер, а централниот тунел овозможува поглед на компонентите на менувачот. Има многу карбонски детали, во внатрешноста седишта на Recaro Podium и појаси со четири точки, а пред возачот е волан со три краци.