Автомобилизам

Aston Martin го претстави ексклузивниот DBS Superleggera TAG Heuer Edition

Дека скапите автомобили и скапите рачни часовници секогаш оделе заедно покажува и последната соработка на Aston Martin и познатиот швајцарски бренд за рачни часовници TAG Heuer.

Во чест на остварената соработка од Aston Martin подготвија специјална едиција на тркачкиот DBS Superleggera, а ексклузивитетот се гледа во тоа што ќе бидат изработени само 50 примероци.

Aston Martin DBS Superleggera TAG Heuer Edition ќе биде понуден само во матирана Monaco Black боја на каросеријата.

Црвено-црната комбинација, покрај на каросеријата, ја има и во кабинскиот дел.

Стандардно Aston Martin DBS Superleggera TAG Heuer Edition е опремен со 5,2 литарски V12 мотор со 715 ks и вртежен момент од 900 Nm, што овозможува забрзување од 0-100 km/h за 3,4 секунди и максимална брзина од 340 km/h.

Цената на ова уметничко дело сè уште не е позната, но се знае дека со секој автомобил, TAG Heuer ќе им подари на сопствениците луксузен Carrera Caliber Heuer 01 Aston Martin Special Edition рачен часовник.

Слични написи

Големо освежување на бестселерот на Audi, A4

Biba

Хрватскиот Римац го тестира својот прототип на патеката Нардо

Biba

Листа на кандидати за светски автомобил на годината

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.