Zagato е позната компанија од Милано која е специјализирана за изработка на каросерии за познати автомобилски брендови од Европа. Aston Martin е една од тие компании која го прославува јубилејот на својот деловен партнер од Милано.
Миланската компанија е основана во 1919 година од Ugo Zagato кој во тој период се занимавал со поправки на автомобили и авиони. Aston Martin е еден од најголемите негови клиенти, а нивната соработка започнала во педесеттите години на минатиот век, од кога британската компанија почнала да ги користи каросериите на Zagato на своите GT автомобили во трките. Во 1960 година се појавил првиот Aston Martin DB4 Zagato со подобрена и олеснета DB4 GR каросерија. Оттогаш двата бренда соработуваат и изработуваат прекрасни автомобили.
За да ја прослават долгогодишната соработка, Aston Martin ги претстави близнаците Vantage V12 Zagato Heritage Twins by R-Reforged.
Vantage V12 Zagato Heritage Twins е првиот проект на кој работеле Zagato и Aston Martin за кој Zagato има ексклузивна лиценца.
Близнаците се две редизајнирани верзии на Vantage V12 Zagato, Coupe и Speedster.
Првите возила на Vantage V12 Zagato Heritage Twins ќе бидат доставени до купувачите во четвртиот квартал од годината.