Автомобилизам

Aston Мartin го претстави моделот DBS 59

Aston Мartin реши со моделот DBS 59, со производство на само 24 возила, да ги потсети љубителите на нивните автомобили на далечната 1959 година и на автомобилската трка Lе Mans. Тогаш со својот револуционерен модел DBR1/300 ги освои првите две места на 24 часовната трка Lе Mans.

Моделот DBS 59 е автомобил базиран на GT четвороседот со ознака DBS Superlegger.

Дваесет и четирите возила DBS 59 ќе бидат со карактеристична зелена боја на каросеријата, исто како што беа и моделите победници во трката во 1959 година.

Моделот DBS 59 не се разликува од моделот DBS Superlegger кој има V8 агрегат со 5,2 литри со два турбополначи, и пренос на силата на моторот со ZF автоматски менувач со 8 степени на пренос. Силата на моторот од 725 ks се пренесува на задните тркала, а забрзувањето од 0-100 km/h е за 3,4 секунди. Постигнува максимална брзина од 340 km/h.

 

Слични написи

Специјален Fiat 500 од Abarth Classicche за прославата на 100 години Монца

dart

Opel најавува повлекување на моделите Adam, Karl и Cascada

admin

Volkswagen и Ford стануваат едно

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.