Технологија

Amphi-X суперавтомобил за копно и вода

Иако се работи за дизајн на возило наменето за движење на копно и вода, и претставува возило кое е сè уште е во концепт фазата, убаво е да се знае дека технологијата се движи во вистински правец.

Amphi-X е проект на дизајнерот Беи Чен Нан и претставува амфибиско возило, хибриден стил помеѓу луксузен Бугати и подморница. Целиот овој проект всушност е дипломскиот труд на Беи Чен Нан на студиите за индустриски дизајн на Универзитетот Монаш во Мелбурн. Неговиот труд зема многу награди меѓу кои наградата на Тојота за најдобар концептуален дизајн на автомобил, а целиот проект е наменет за футуристичкиот проект Дубаи 2030.

Ако овој концепт дојде до фазата за производство, возилото би имало електричен погон. Ке се движи по копно и по вода. Откако ќе заврши возењето по копно при влегувањето во вода тркалата ќе се вовлечат и ќе се вклучи погон како џетски.

Според замислата на дизајнерот, возилото ќе има место за четири патници, ќе биде изработено од карбонски влакна и алуминиум. Погонот би му овозможил стартност 0-100 km/h за 2,9 секунди, голема брзина на движење на копно од 418 km/h и релативно голема брзина на вода од 145 km/h.

Погонот би бил снабдуван со енергија од голема литиумска батерија, а каросеријата би била изработена од специјално стакло составено од сончеви ќелии за да му дадат додатна автономија.

Се смета дека доколку Amphi-X влезе во производство, би чинел 2,5 милиони долари.

Слични написи

Најлошите лозинки за 2018 година

Biba

Робот изработен со помош на 3Д принтер научи да лизга

Biba

Како да го поврзете компјутерот со телевизорот и да го олесните следењето на виртуелната настава во деновите на изолација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.