По повод стотиот роденден на Цитроен кој ќе се слави цела година, ќе бидат претставени повеќе концепт возила.
Ami One е првиот од низата кој ќе биде претставен на саемот во Женева. Со него Цитроен прикажува како ја гледаат иднината на урбаната мобилност. Тоа е возило кое ќе се движи комплетно на струја. Со едно полнење на батериите може да се вози 100 км, а за нивно полнење потребни се два часа.
Автомобилот е долг 2500 мм, широк 1500 мм и висок 1500 мм. Кругот на завртување му е само 8 метри. Има тежина од 425 кг и максимална брзина од 45 км/ч. Толку е едноставен за управување што можат да го управуваат и деца од шест години.
Поставено е на гуми со дијаметар од 18 инчи, а освен интересниот изглед, интересен е и принципот на отворање на вратите. Возачката врата се отвора класично, но совозачката се отвора во спротивна насока.
Внатрешноста е со футуристичен изглед, и замислата е сите верзии да имаат кров што ќе може да се придвижува. За да влезете во автомобилот ќе треба да го отклучите со помош на QR код.
Генерално, тоа е автомобил со интересен изглед и би бил опасна конкуренција на Смартот.
Ако воопшто влезе во сериско производство, Ami One со сигурност нема да се појави на пазарот во следните пет години.