Audi RS 5 Sportback не престанува да предизвикува интерес од моментот на неговото претставување во 2018 година. Неговиот дизајн и перформанси се репрезентативни.
Но, ако се држиме до изреката дека и од добро има подобро, пример е тјунингот што на овој претставник на ауди го направи компанијата ABT.
Во нивниот центар го преработија RS 5 Sportback во RS-5R Sportback и вградија мноштво на подобрувања.
Ќе бидат подобрени 50 возила кои ќе имаат гаранција во траење од 4 години или поминати 160 000 километри.
Подобрен е твин-турбо бензинецот со зафатнина од 2.9 литри и наместо фабричките 445 испорачува 503 коњски сили, а вртежниот момент од 600 е зголемен на 690 њутн метри.