Од АВТ не чекаа многу за да решат заедно со одделот на AUDI SPORT да ја преработат стандардната верзија Audi RS6 Avant. Оваа ограничена серија од само 150 возила има импресивни карактеристики. Четири литрениот V8 biturbo мотор испорачува 705 ks и вртежен момент од 880Nm.
Но од АВТ решија да ја поместат границата за уште малку и веќе набилданиот караван од 705 ks го дополнија со уште 30 ks и го донесоа до импресивни 735 ks.
Направија серија од 150 возила со 705 ks и 50 возила со 735 ks.
Тоа се автомобили што од 0-100 km/h постигнуваат за 3,1 секунда.