Убавина

Работи што треба да ги знаете за безбедно сончање

За безгрижно да уживате во убавото летно сонце, важно е да знаете како да ги избегнете неговите штетни ефекти. Прекумерната и небезбедна изложеност на УВ зраци резултира со изгореници, фотосензибилизација, фотостареење и фотокарциногенеза. Затоа, заштитата од сонце на која било возраст го намалува ризикот од овие штетни ефекти, а во отсуство на соодветна заштита сите други третмани се помалку ефикасни.

Постојат шест кожни фенотипови и во зависност од тоа треба да се применат препарати со соодветно ниво на заштита. Луѓето со фенотип 1 имаат исклучително светла кожа и светли очи, а луѓето со фенотип 6 имаат многу пигментирана темна кожа и темни очи.

SPF е фактор за заштита од сонце и го претставува степенот до кој производот ја штити кожата од директно изложување на сончевите зраци. Бројот до овој знак покажува колку долго кожата може да биде изложена на сонце без црвенило (на пр. ако некое лице остане на сонце две минути пред да поцрвени, тогаш крема со заштитен фактор 15 ќе го заштити тоа лице од штетните ефекти на сонцето за 30 минути, 2X15 =30).

Водоотпорноста на производот го дефинира одржувањето на вредноста на SPF до 40 минути по влегување во вода, а високо водоотпорните производи го одржуваат назначениот SPF за време на 80 минути умерена активност во вода.

Категориите на производи се движат од ниска UVB заштита SPF6 и SPF10, преку средна SPF15, SPF20, SPF25, до висока SPF30 и SPF50, и многу висока SPF50+. Важно е бебињата до 6 месеци да не се изложуваат директно на сонце, а секој да избегнува изложување на сонце во периодот од 11 до 14 часот.

Нанесете го производот за заштита од сонце 20 минути пред изложување рамномерно и во доволна количина. Обновувајте ја заштитата неколку пати во текот на денот (по капење и пливање). Препораката е едно шише од 170 гр да е доволно за пет нанесувања. Производите за сончање не ја нарушуваат синтезата на витаминот Д во кожата. Луѓето со чувствителна кожа треба да користат производи што содржат титаниум диоксид. На луѓето со акни и мрсна кожа им се препорачува да користат алкохолни гелови и лесни хидратантни креми.

Слични написи

Бикини тренд за претстојното лето што ќе изнудува воздишки

Biba

Како да ја заштитите кожата на лицето од сината светлина што ја емитираат дигиталните уреди

Biba

Детски козметички производи кои треба да ги користат сите жени

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.