Автомобилизам

2020 Ford Police Interceptor Utility, ѕверот на 4 тркала

Форд излезе со новитет, го претстави најбрзиот полициски автомобил со погон на сите 4 тркала. Тоа е автомобил на кој во моментов не може да му парира ниту еден полициски модел што се користи во моментов. Овој автомобил има најголемо забрзување од 0-100 km/h.

2020 Ford Police Interceptor Utility е возило со погон на сите 4 тркала кое го го придвижува 3.0 V6 мотор. На сите тестови покажа совршени резултати. Неговата најголема брзина е 240 km/h. Наведуваат дека постои и хибридна верзија од овој автомобил, но тој постигнува максимална брзина од 220 km/h.

Бидејќи се работи за полициски автомобил, од Форд се концентрирале на одликите што се потребни за извршување на полициската работа. Овозможиле неколку додатни делови како Ford Telematics кој дава информации за возилото, за неговата состојба, додека Perimetar Alert дава информации за движење на објекти и лица околу возилото, анализира и може да препознае дали се работи за опасност. Уредот анализира и доколку утврди дека се работи за опасност презема активности, ќе ги затвори прозорците, ќе го заклучи автомобилот и ќе издаде предупредување.

Се очекува првите модели да почнат да се употребуваат во текот на следното лето.

Слични написи

Кој е подобар тркач: Volkswagen Golf GTI TCR или Hyundai i30 N Performance?

Biba

Хрватскиот Римац го тестира својот прототип на патеката Нардо

Biba

Porsche ги претстави новите 911 Carrera Coupé и 911 Carrera Cabriolet

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.