Патуваме

Мадеира – островот на цвеќињата

Блага клима, преубави падини, егзотична флора, примамливи кулинарски специјалитети. Ова е Мадеира, вистинска заводничка од Атлантикот.

Ова место со право се нарекува остров на вечната пролет. Благодарение на Голфската струја, летната температура на островот е пријатна, додека зимите се поблаги. Затоа Мадеира е една од омилените дестинации за одмор во текот на целата година. Иако овој португалски остров има површина од само 741 квадратен километар, тој нуди многу атракции: историски споменици, плоштади и улици во главниот град Функал, прекрасни градини, живописни села, фантастични пејзажи, необични вулкански кратери, преубави природни плажи и волшебни глетки.

На овој остров главните специјалитети се приготвуваат од риба, а најпознатото јадење е еспада – се прави од црни школки кои и денес ги има само во јапонските води. Тука е и еспетадата со ловор и месни раженчиња, како и кабрата и рибјата чорба со вино.

Селото Порто да Круз се наоѓа покрај брегот на северната страна на Мадеира. Овде ридовите се издигнуваат од морето до височина од 740 метри и нудат спектакуларен поглед. Типичната колоритна народна носија не ја носат само членовите на бројни музички групи, туку и продавачите на цвеќиња. На островот Порто Санто кој припаѓа на Мадеира, ќе го најдете она што им недостига на другите острови во Мадеира – песочни плажи долги со километри, како што е Вила Баеира; поради златно-жолтиот песок се нарекува и Илха Дорада. Во најпознатиот маркет во Функал владее жива, бучна и весела атмосфера. Посетителите може да очекуваат богата понуда на цвеќиња, овошје, зеленчук, месо, риба и сирење. Со висина од околу 590 метри, Пена де Агуја, остров од карпи, изгледа импресивно. Ридот е тешко пристапен, а името го добил по орлите кои некогаш го населувале.

Во целиот свет е познато виното од овој остров, кое не се служи со оброк, туку како аперитив или десерт.

Слични написи

Места во Турција кои мора да ги посетите

admin

Помалку познати места во Италија и нивните скриени тајни

Biba

Шармантната Прованса

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.