Сцена

Џенифер Лопез со заработка од 100 милиони долари

Џенифер Лопез го живее еден од најдобрите периоди од својот живот, кога сè и оди од рака. Ја заврши тригодишната турнеја “All I have” која од продажба на билети ѝ донесе заработувачка од 100 милиони долари.

“Игравме заедно, делевме љубов. Ве сакам луѓе. Беше магично. Благословена сум што ве имам. Ви благодарам за поддршката” рече Лопез.

Поддршка ѝ давааа и нејзиниот партнер Алекс Родригез кој беше на секој концерт заедно со своите ќерки Наташа (13) и Ела (10).

“Да имам таков партнер кој ми дава поддршка, ме сака, го сака тоа што го работам, не ме гуши туку ме турка напред, е нешто што ни во сон не сум помислила. Тоа што имам таква љубов и поддршка прави да се чувствувам како да лебдам, и затоа сум среќна” рече Џеј Ло.

На последниот концерт од тригодишната турнеја, во публиката беа и Коби Брајант со сопругата Ванеса, Антони Андерсон, Диди.

Нејзиниот хит “Dinero” кој го објави пред 4 месеци со Карди-Б и Ди Џеј Калед е прв на топ листите во јужна Америка, што е додатна причина за среќа.

Во последните 3 години нејзините концерти ги виделе повеќе од 200 ѕвезди меѓу кои Џастин Бибер, Ким Кардашијан, Дру Баримур, Селена Гомез, Гвен Стефани и многу други.

Одржа 100 концерти, од кои во последниот месец дури 15.

Слични написи

Бен Афлек ја продава вилата за вртоглава сума и се сели со Џенифер Лопез во нов дом

Biba

Ѕвездата од филмот 50 Нијанси на сиво – активист на социјалните мрежи

admin

Премиерата на осмата сезона на Игра на тронови ќе биде во април 2019

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.