Љубов и секс

Љубовни напивки

Мавтајте со стапче, фрлете магија, додајте некој егзотичен мистичен мирис за да ја исполните просторијата и страста, желбата и љубовта ќе дојдат сами по себе. Дали некој мирис навистина може да го привлече избраникот на вашето срце и дали е единствениот афродизијак кој буди сè што е скриено?

Научниците велат – можно е. Мирисот е семоќен, бидејќи сетилото за мирис е директно поврзано со центарот во мозокот кој е задолжен за нашето расположение, меморија, задоволство и сексуален нагон. Мирисите силно влијаат на работата на нашето срце, крвниот притисок, активноста на мозокот, па дури и на структурата на мускулите, т.е. мускулната напнатост. Мирисите кои делуваат како афродизијаци го стимулираат ендорфинот, кој нè прави опуштени, чувствителни и понекогаш еуфорични.

Покрај гласот, изгледот и говорот на телото, вашето тело има и уникатен мирис. Зошто да не го искористите со некои дополнителни мириси кои ќе ја направат личноста која сакате да ја освоите луда и опиена? Не мора да бидете вештерка или некој чудак за да уживате во миризливи свеќи, стапчиња или да правите свои мириси.

Еве неколку предлози. Кога станува збор за ароматичните масла, некои од најефикасните се: јасмин, цимет, роза, цвет од портокал, сандалово дрво, ванила, мимоза и лимон. Можете да користите ароматични масла додека се капете, неколку капки додадени во водата во бањата ќе ве опуштат, а околу себе ќе раширите мирис што ќе ја испрати пораката што ја сакате.

Ако не сакате да се капете во бања и се туширате, тогаш пробајте нешто друго. За почеток, заборавете на миризливите свеќи, бидејќи тие можат да заплашат некого (кај нас сè уште изгледа чудно појавата на миризливи свеќи на масата) и купете миризливи стапчиња.

При изборот на стапчиња знајте дека нивниот мирис е многу посилен кога се суви, во кутијата, за да не мислите дека мирисот е премногу силен и тоа да ве спречи да купите. Доколку не знаете што да одберете, еве неколку предлози: еукалиптус, мандарина, ванила, чоколадо, ѓумбир, љубичици.

Ако не можете на друг начин, искористете ја оваа миризлива „магија“ и видете што ќе постигнете. Можеби и во вас ќе се разбуди некое друго чувство и можеби ви се допаѓа некој друг кој веќе го користи, а вие не сте свесни за тоа. Можеби веќе сте „пијани“.

Слични написи

Заедничкиот живот пред брак има предности, но и маани

Biba

Најпопуларната секс поза на сите генерации

dart

Факти за женската мастурбација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.