Здравје

Јаткастите плодови ја зголемуваат плодноста и го подобруваат сексуалниот живот на мажите

Јаткастите плодови содржат витамини и минерали и нудат низа на благодати, како што се подобрување на работата на срцето и губење на килограми. Исто така, помагаат во превенција и третман на дијабетесот, го намалуваат холестеролот, а сега научниците откриваат и дека можат да ја подобрат и сексуалната функција кај мажите.

Студијата објавена во “The American journal of clinical nutrition” ја воделе професорите Алберт Салас-Хуетос и Џорди Салас-Салвадо од Одделот за биохемија и биотехнологија на Универзитетот Ровира Вирџили во Шпанија. Во истражувањето учествувале 119 здрави мажи на возраст од 18-35 години, кои биле поделени во две групи: едната група во текот на 14 недели се хранела со типично западњачка исхрана, но во исхраната секојдневно им биле додавани 60 грама мешани јаткасти плодови, додека втората група се хранела исто така во западњачки стил, но без јаткастите плодови.

Потоа сите учесници пополниле прашалник за нивната сексуална функција.

Истражувачите откриле дека додавањето на јаткасти плодови во нездравата западњачка исхрана (богата со животински масти, со малку овошје и зеленчук) го зголемило либидото и го подобрило квалитетот на оргазмот кај испитаниците. Тие додаваат и дека е потребно да се спроведат повеќе истражувања со повеќе учесници за да се потврдат овие резултати и да се утврди што точно ги предизвикало овие ефекти.

Истите истражувачи во друга студија утврдиле дека одредени јаткасти плодови го подобруваат квалитетот на спермата, иако оваа студија не се фокусирала на ефектите што ги имаат јаткастите плодови врз сексуалната функција.

Еректилната дисфункција или импотенција, е неспособност да се одржи ерекцијата доволно долго за двата партнери да бидат задоволени за време на сексот. Студијата наведува дека од импотенција страдаат 2 отсто од мажите помлади од 40 години, 52 отсто од мажите на возраст од 40-70 години и 85 отсто од мажите постари од 80 години.

Причините за импотенција се бројни, од наследни фактори до физички аспекти, вклучувајќи невролошки и васкуларни проблеми, како и други фактори како што се стрес, пушење, прекумерно консумирање алкохол, недоволно физички активности и нездрава исхрана.

 

Слични написи

Откривање на Алцхајмерова болест со помош на вештачка интелигенција

Biba

На кои сè начини дињата го заштитува здравјето

Biba

Сан Франциско ќе биде првиот американски град кој ќе забрани е-цигари

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.