Здравје

Јадењето чоколадо го продолжува животот

Луѓето кои преживеале срцев удар би требало да јадат чоколадо барем два пати неделно, бидејќи на тој начин се намалува ризикот од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести.

Според едно шведско истражување, на пациентите кои имале срцев удар, ризикот од смрт им се намалува за 70% ако јадат чоколадо. Дури и ако јадат чоколадо само еднаш неделно, ризикот од смрт им се намалува речиси за половина.

Ова откритие е само дел од сознанијата поврзани со позитивните страни на овој десерт, а се однесува главно на темното чоколадо. Претходни истражувања покажаа дека токму темното чоколадо го намалува ризикот од згрутчување на крвта, заштитува од рак и ги заштитува бремените жени од предвремено породување.

И покрај тоа што срцевиот удар може да се преживее, остава неизбежни последици кои го зголемуваат ризикот од смрт заради можните кардиолошки проблеми во иднина.

Истражувањето спроведено во Стокхолм покажува дека и во тој случај може да помогне чоколадото, но научниците предупредуваат дека тоа не се однесува на сите видови на слатки. Напротив, другите слатки намирници можат да ја влошат состојбата.

Слични написи

Треба ли да се вари свежото млеко?

admin

Постапка при убод од пчела, доколку сте алергични

admin

Како да бидете сити со помалку јадење

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.