Здравје

Што кога детето не сака да јаде?

Голем број родители мака мачат со малите пребирливци кои одбиваат да јадат, па ако ви е некаква утеха – не сте сами во тоа. Но, свесни сме колку може да биде напорно за секој оброк да ви се крева косата затоа што знаете дека детето ќе одбива да јаде, ќе се влечка, ќе се договара и преговара да му дадете нешто друго и тоа може да потрае со часови.

Постојат многу начини да ги убедите децата да се хранат поквалитетно и поразновидно, ние ќе наведеме само некои од нив. Имајте на ум дека процесот е постепен, треба да бидете трпеливи и да не очекувате моментални резултати.

  • Децата сакаат рутина. Сакаат да знаат кога и што можат да очекуваат, затоа погрижете се нивните оброци да бидат секогаш во исто време и да имаат ист број оброци секој ден. Идеално би било да имаат три оброка и две ужинки дневно. Ако не појадувале како што треба, не им нудете постојано нешто да „грицнат“ до ручекот, стравувајќи дека се гладни. Нема да им биде ништо, може само да се уморат од физичка активност и да огладнат. Затоа, бидете трпеливи до тогаш.
  • Не им давајте намирници со ниска хранлива вредност. Не се водете според изреката „Подобро да изеде што и да е, отколку ништо“, затоа што тоа обично значи грицки и многу слатки. Детето така учи дека ќе ја добие храната што ја сака во моментот ако е малку поупорно во одбивањето на вистинскиот оброк.
  • Не им давајте течности пред оброкот. Тука се мисли на сок и вода пред оброкот. Ова ќе го засити детето и ќе му го наполни стомакот со течност, па нема да сака да ја јаде храната што сте му ја подготвиле. И обрнете внимание: ако се жали дека е многу жедно, а се наближува времето за оброк, можеби всушност е гладно, а не е свесно за тоа.
  • Направете ритуал од оброкот. Децата кои не сакаат да јадат се претежно нервозни пред оброкот, а и родителите почнуваат да се нервираат предвидувајќи дека детето нема да сака да јаде. Сепак, обидете се да ја го направите забавна подготовката на храната. Вклучете ги децата во процесот. Сигурно ќе им се допадне сами да ја декорираат храната или да ја обликуваат во различни форми, да ја разбудат креативноста. Секој оброк, било да е тоа сладок или солен може да изгледа привлечно и вкусно со малку труд, а детето сигурно ќе биде помотивирано да јаде оброк кое самото го подготвило или украсило.

Слични написи

Витамини и минерали кои ублажуваат настинка и грип

Biba

Како да го спречите напрегањето на очите

admin

Гушкањето има лековито дејство

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.